| ПРИСТАП ЦЕНТРИРАН НА УЧЕНИЦИТЕ | ||||||
| Развојна фаза 1 - компетентни репликатори | Развојна фаза 2 - свесни практичари | Развојна фаза 3 - стручни олеснувачи | ||||
| Клучни области | 1.1 | 1.2 | 2.1 | 2.2 | 3.1 | 3.2 |
| 1. Активно учење | Ги знае основните наставни методи кои поттикнуваат активно учење; | Користи основни наставни методи кои го поддржуваат активното учење; | Способен е да ги држи учениците мотивирани во спознавањето и учењето; знае и користи задачи кои овозможуваат активни откритија во процесот на учење, решавање на проблеми, бура на идеи, дискусија, критичко размислување, експериментирање, искуствено учење, истражувачки активности, превртено учење; користи начини да ја поттикне ученичката љубопитност и имагинација; пружа поддршка на учениците (скафолдинг - скалесто учење); применува групна работа и комбинирано учење | Создава простор за самостојна активност на учениците; поддржува креативност и длабоко доживување на сопствената активна работа на поединецот; ги поттикнува учениците да прифатат ефективни стратегии и методи кои се насочени кон идентификување и решавање на проблеми, потврдување на точноста на решенијата; знае да го редуцира однесувањето на ученикот кое води кон пасивно учество во активностите во училницата; | Може да насочува наставници-почетници, да инспирира и да мотивира колеги да заземат активен пристап; ја следи работата на неговите/нејзините колеги и обезбедува конструктивен повратен одговор насочен кон активирање на учениците; | Обезбедува помош и советување на неговите/нејзините колеги во полето на вклучување на ученици; обезбедува демо часови проследени со анализа; држи образовни семинари (вебинари) и работилници насочени со цел активирање на учениците во рамките на нивното училиште и другите образовни институции; започнува и дава предлози за подобрување во дадената институција; бара добри наставни практики (прилики за бенчмаркинг) |
| 2. Содржина за учење | Ги знае приодите кои имаат за цел структурирање и модифицирање на содржината за учење за да ја направат разбирлива и релевантна за учениците; | Користи приоди кои имаат за цел структурирање и модифицирање на содржината за учење за да ја направат разбирлива и релевантна за учениците; | Создава простор и ги насочува учениците кон персонализирање на содржината за учење; кон ефективно градење на нивен сопствен обем на знаење; кон применување на стекнатите теоретски знаења во нивниот живот; кон интердисциплинарен приод во учењето, кон користење на стекнатите теоретски знаења за развивање на вештини и компетенции на учениците; | Создава простор и ги насочува учениците активно да ги поврзат новите знаења со претходните знаења и искуства; ги поттикнува учениците да бараат и користат свои сопствени материјали како поткрепа на учењето; им овозможува на учениците да ја модифицираат содржината за учење на таков начин што ќе ја направат да биде релевантна, да има значење и да биде персонализирана за нив, употреблива во секојдневниот живот; се фокусира на квалитетот на учењето наместо на квантитетот на знаењето; ги насочува учениците кон интердисциплинарен приод во учењето; | Може да насочува наставници-почетници, да инспирира и да мотивира колеги да заземат активен пристап; ја следи работата на неговите/нејзините колеги и обезбедува конструктивен повратен одговор насочен кон модификација на содржината за учење за да има значење, релевантна, употреблива во секојдневниот живот на учениците со нивно разбирање на интеракциите помеѓу наставните предмети; | Обезбедува помош и советување на неговите/нејзините колеги во полето на оформување и прилагодување на содржината за учење; обезбедува демо часови проследени со анализа; држи образовни семинари (вебинари) и работилници фокусирани на примена на содржината за учење во рамки на неговото/нејзиното училиште и другите образовни институции; започнува и дава предлози за подобрување на дадената институција; бара добри примери за вежбање (прилики за бенчмаркинг) |
| 3. Когнитивни и афективни (емоционални и карактерни) домени | Ги знае карактеристиките на когнитивните процеси. Свесен е за улогата на афективните фактори (мотивација, емоции, потреби, интереси, ставови, карактерни особини на учениците) во зголемувањето на ефективноста на учењето; знае начини и методи кои ја зголемуваат мотивацијата да се научи одредена материја; | Го поддржува развојот на когнитивните процеси, користи начини и методи кои ја зголемуваат мотивацијата да се научи одредена материја; знае добро да го избалансира нагласувањето на когнитивните (перцепција, размислување, меморија, внимание, говор) и афективните процеси; | Го поттикнува развојот на повисоките когнитивни процеси (анализа, синтеза, евалуација); ги насочува учениците кон разбирање на поврзаноста; го поттикнува развојот на критичкото размислување кај учениците; знае да ги почитува потребите, интересите, емоциите, ставовите и мислењата на учениците во наставниот процес; има севкупна способност да ја одржува мотивацијата на учениците; | Знае да создаде предизвици за учениците кои поттикнуваат поголеми напори во учењето; знае да го открие талентот и потенцијалот на учениците, да го искористи и да го развие во рамките на дадениот предмет; | Може да насочува наставници-почетници, да инспирира и да мотивира колеги да заземат активен пристап; ја следи работата на неговите/нејзините колеги и обезбедува конструктивен повратен одговор фокусиран на рамномерен акцент на спознајните и афективните подрачја; | Обезбедува помош и советување на неговите/нејзините колеги во полињата на балансиран фокус кон спознајните и афективните подрачја; обезбедува демо часови проследени со анализа; држи образовни семинари (вебинари) и работилници фокусирани на рамномерен акцент на спознајните и афективните подрачја во рамки на неговото/нејзиното училиште и другите образовни институции; започнува и дава предлози за подобрување во дадената институција; бара добри примери за вежбање (прилики за бенчмаркинг) |
| 4. Клима и атмосфера за учење во училницата, односите во училницата | Ги знае факторите кои влијаат на социјалната клима и позитивна атмосфера за учење во училницата; знае стратегии за решавање на проблеми | Создава позитивна атмосфера за учење во училницата што им овозможува на учениците да се чувствуваат безбедно и сигурно; учениците ги восприема позитивно и отворено ја искажува својата љубов и грижа, ги знае и ги почитува развојните и индивидуалните разлики на учениците (ученичка разновидност); во пракса применува стратегии за решавање на проблеми. | Создава и одржува позитивна социјална клима во училницата без стрес и фрустрациии; го поттикнува развивањето на добри односи, позитивни односи со учениците и взаемно меѓу соучениците; го контролира искажувањето на можните негови/нејзини негативни емоции, создава услови за развој на соработка и тимска работа наместо индивидуалнo натпреварување; може целосно да ги прифати учениците со нивните индивидуални разлики, да ги открие нивните јаки страни и преку нив да го развие потенцијалот на учениците за некој предмет; одржува природна дисциплина во училницата: | Создава услови за целосна самоактуелизација на учениците во рамките на одреден предмет; спречува негативни појави (потсмевање, исмевање, казнување, создавање на бариери, бегање од часови, мамење, демотивација, насилство): знае да се справи со било која негативна појава која би настанала; спречува конфликтни ситуации; знае да ги разреши или да ги насочи учениците како да ги разрешат конфликтните ситуации; | Помага да се решат различни проблеми и да се развијат стратегии за решавање проблеми во училницата; може да насочува наставници-почетници, да инспирира и да мотивира колеги да заземат активен пристап; ја следи работата на неговите/нејзините колеги и обезбедува конструктивен повратен одговор насочен кон спречување на негативна појава, конфликти и создавање на природна дисциплина во училницата; | Обезбедува помош и советување на неговите/нејзините колеги во спречување и справување со негативна појава и конфликти; соработува со училиштето и психолозите-советници, држи образовни семинари (вебинари) и работилници насочени кон спречување и справување со негативна појава и конфликтни ситуации во рамки на неговото/нејзиното училиште и другите образовни институции; започнува и дава предлози за подобрување на дадената институција; |
| 5. Евалуација и повратни информации | Ги знае методолошките насоки за евалуација и педагошко-психолошките принципи за наградa и казнa; | Користи методи за оценување со фокус на процесот на учење (вклучувајќи го и трудот и посветеноста кон процесот на учење); воглавно користи охрабрувачки и позитивни повратни информации; покажува верба во потенцијалот на учениците да напредуваат; | Користи алатки за оценување зголемувајќи ја внатрешната мотивација, градејќи позитивна слика за себе, самопочитување и соодветна самодоверба кај учениците: ги насочува учениците кон критичко-аналитичка саморефлексија и самоевалуација како и на меѓусебна евалуација со своите врсници. | Им дава на учениците конструктивни повратни информации во кои ги нагласува нивните јаки страни и оптималниот развој на нивниот потенцијал; создава атмосфера на објективно критичко и конструктивно оценување, самооценување и меѓусебно оценување на учениците; ги поттикнува учениците да размислуваат одговорно за нивните потенцијални способности и амбиции за во иднината; | Може да насочува наставници-почетници, да инспирира и да мотивира колеги да заземат активен пристап; ја следи работата на неговите/нејзините колеги и обезбедува конструктивен повратен одговор фокусиран на ефективно оценување мотивирајќи ги учениците и развивајќи кај нив здраво ниво на самопочитување; | Обезбедува помош и советување на неговите/нејзините колеги во полињата на ефективно оценување и развој на здраво ниво на самопочит на учениците; обезбедува демо часови проследени со анализа; држи образовни семинари (вебинари) и работилници насочени кон ефективното оценување на учениците и обезбедување конструктивен повратен одговор во рамки на неговото/нејзиното училиште и други образовни институции; започнува и дава предлози за подобрување на условите во дадената институција; бара добри примери за вежбање (прилики за бенчмаркинг) |
| 6. Улогите на наставникот, односите со учениците | Ги знае методите и стратегиите за поттикнување на ефективното учење на учениците. Тој/таа ги знае принципите за создавање и одржување на природен авторитет; | Користи методи и стратегии за поттикнување на ефективното учење на учениците; гради партнерство со учениците врз основа на взаемно почитување и доверба; гради свој природен авторитет; | Знае ефективно да го поттикне учењето на учениците така што ќе можат оптимално да ги развиваат нивните знаења, вештини и компетенции во рамките на својот потенцијал; создава простор учениците отворено да ги изразуваат своите мислења и ставови; ги знае методите и стратегиите кои ја развиваат ученичката метакогнитивна свест (стилови и стратегии за учење преку самоспознавање, индивидуални особености); им овозможува на учениците да учествуваат во одлучувањето во училницата за да може да ја развиваат нивната самостојност и чувството на одговорност за нивното сопствено учење; | Ги насочува учениците кон самоспознавање, кон создавање на позитивен однос кон самите себе, кон создавање на позитивна слика за себе, самопочитување и адекватна самодоверба; ги насочува учениците кон развивање на метакогнитивна свесност (стилови и стратегии за учење преку самоспознавање, индивидуални разлики); ги вклучува учениците во планирањето и носењето одлуки во училницата; преку целокупното свое делување изградува самостојни ученици кои одговорно управуваат со сопствените процеси на учење; | Може да насочува наставници-почетници, да инспирира и да мотивира колеги да заземат активен пристап; ја следи работата на неговите/нејзините колеги и обезбедува конструктивен повратен одговор насочен кон ефективно подобрување на наставниот процес, создавајќи партнерски односи со учениците и воспитувајќи самостојни ученици; | Обезбедува помош и советување на неговите/нејзините колеги во полињата на ефективно насочување на учењето, обезбедува демо часови проследени со анализа; држи образовни семинари (вебинари) и работилници насочени кон ефективно насочување на учењето, создавањето на партнерски односи со учениците и образованието на самостојните ученици во рамките на неговото/нејзиното училиште и други образовни институции; започнува и дава предлози за подобрување во дадената институција; бара добри наставни практики (прилики за бенчмаркинг) |
| УЧИ И ВОДИ | ||||||
| Развојна фаза 1 - компетентни репликатори | Развојна фаза 2 - свесни практичари | Развојна фаза 3 - стручни олеснувачи | ||||
| Клучни области | 1.1 | 1.2 | 2.1 | 2.2 | 3.1 | 3.2 |
| 7. Самосвест (метакогниција) | Свесен/а е за потребата да учи за своите јаки и слаби страни; | Бара алатки (тестови, професионални написи, курсеви) за самоучење, развива вештини за саморефлексија; | Ги знае своите јаки и слаби страни (талент, самоувереност, емпатија, интуиција, истрајност, стрпливост, флексибилност, стручност, вештини за критичко размислување, способност за донесување одлуки итн.), се развива со намера да постигне целосна самоактуализација; | Добро ги владее стратегиите за искористување на своите јаки страни и компензирање за своите слаби страни, со својот проактивен приод ги поттикнува и инспирира другите; | Обезбедува поттик за саморефлексија и развој на метакогнитивноста на колегите; | Обезбедува помош и советување на неговите/нејзините колеги; држи образовни семинари (вебинари) фокусирајќи се на самосвест; започнува и дава предлози за подобрување во дадената институција; бенчмаркинг |
| 8. Насочување на идниот развој | Ја чувствува потребата за личен и професионален развој, подготвен е за доживотно учење и личен и професионален развој; | Активно бара можности за својот натамошен развој и знае да постави цели за својот професионален развој; | Учествува во различни образовни настани и ги користи можностите за самоучење; | Има развиено редовни навики за образование и самоучење, ги поттикнува другите на самообразование; | Обезбедува поттик за самообразование; започнува образовни и проект активности фокусирани на професионален и личен развој; | Обезбедува помош и советување на даденото поле, држи образовни семинари (вебинари) фокусирани на професионален и личен развој, започнува и дава предлози за подобрување во дадената институција; бенчмаркинг |
| 9a. Комуникација и соработка со колегите и училишното раководство | Ги знае принципите на ефективна комуникација; отворен е за соработка; | Ги применува принципите на ефективна комуникација, може да извршува задачи како дел од тим; | Ги слуша и ги почитува мислењата на другите (и различните ставови, знае кога треба да оспорува), знае да го цени трудот на другите, со сигурност ја завршува својата работа во тимот; ефикасно разрешува конфликти, | Ефективно соработува, прифаќа распределба на улогите, активно учествува во организацијата на тимската работа; знае да создаде и одржи позитивна работна атмосфера; | Може да започне соработка со други, развива негови/нејзини лидерски вештини; способен да управува и да координира интердисциплинарни групи; бара иновативни партнери за соработка надвор од училиштето | Обезбедува помош и советување на даденото поле; држи образовни семинари (вебинари) фокусирани на комуникација и соработка; започнува и дава предлози за подобрување во дадената институција; бенчмаркинг |
| 9б. Комуникација и соработка со родителите или законските старатели на учениците | Ги знае принципите на ефективна комуникација со родителите, може редовно да информира за постигањата и напредокот на учениците | Ги применува принципите на ефективна комуникација со родителите; отворен е за соработка со родителите; | Ги слуша и ги почитува мислењата на родителите, знае да го цени нивниот труд, развива и одржува партнерски односи со родителите (ги прави родителите свесни за тоа како да напредуваат) | Ги споделува позитивните и негативните заклучоци со родителите и предлага решенија | Способен е да соработува со родители на неформално ниво, организира активности за слободното време после училиште со семејствата | Обезбедува помош и советување на даденото поле; држи образовни семинари (вебинари) фокусирани на комуникација и соработка со родители; започнува и дава предлози за подобрување во дадената институција; бенчмаркинг |
| 10. Отпорност и справување со стрес | Знае ефективни стратегии за справување со стресни ситуации (стрес, фрустрација, конфликт), ги знае принципите на психохигиената; | Користи стратегии за справување со стресни ситуации како на работа така и во личниот живот, се придржува на принципите на психохигиената; | Користи ефикасни стратегии за справување со стресни ситуации како на работа така и во личниот живот, ја зголемува својата отпорност кон стресни ситуации (флексибилност и толеранција на фрустрации), знае да препознае сигнали на синдромот на прегорување); емпатичен е и свесен за своите сопствени емоции | Знае да спречи стресни ситуации на работното место, го контролира стресот без тоа да има влијание на ефикасноста на неговата/нејзината педагошка активност, знае да го спречи преголемиот замор, се грижи за својата целокупна добросостојба.; | Може да започне рана интервенција насочена кон спречување на стресни ситуации на работното место, активно учествува во создавање на позитивни меѓучовечки односи и позитивна работна атмосфера; | Обезбедува помош и советување во даденото поле; држи образовни семинари (вебинари) насочени кон спречување и справување со стресни ситуации; започнува и дава предлози за подобрување во дадената институција; бенчмаркинг |
| 11. Ориентација во глобален контекст | Свесен е за потребата од поврзување на образованието со поширокиот социјално-културен, економски и политички контекст; | Се интересира за тековни работи, ги осовременува и ги поврзува своите педагошки активности со тековни настани (содржина на предавањата, приод, методи, ресурси итн.); | Ги истражува и разгледува можностите за развој на своите компетенции во согласност со потребите на општествениот развој (аналитичко и критичко размислување, креативност, користење на интердисциплинарен пристап, дигитална писменост, решавање на сложени проблеми, емоционална самоконтрола и меѓукултурна компетенција); | Ги развива своите компетенции во согласност со потребите од развојот на општеството, ги инспирира и поттикнува своите колеги во одредено поле; | Модернизира наставни материјали, започнува и дава предлози за проекти во подрачјето, ги проширува интердисциплинарните односи; способен е да ја види “големата“ слика, помага да се изгради училишната клима и културата на учење | Обезбедува помош и советување на даденото поле; држи образовни семинари (вебинари) фокусирани на инoвации и осовременување на педагошки активности, способен е да предвидува нови образовни потреби; започнува и дава предлози за подобрување на условите во дадената институција; согледан како пример за сите во општеството; бенчмаркинг |